Босна објави награда од 15000 евра кој ќе даде информации за убиецот кој направи двокранто убиство
Почетна Регион Случувања

Босна нуди награда од 25.000 евра за било каква информација за убиецот кој направи двократно убиство

Владата на Босна објави висока награда која изнесува околу 25.000 евра за информација во врска со убиецот по кој трае потрага осум дена. Името на убиецот е Един Гачиќ,  роден 1976 година во Бања Лука, а живее блиску до  селото Брѓани, општина Коњиќ, уби две лица и моментално е во бегство. Според надлежните станува збор за убиец кој ја загрозува безбедноста на граѓаните и во најбрз можен рок треба да е фатен.

По пребарувањето на сонителните објекти и другите места каде тој би можел да биде, се уште нема резултат. Исто така се проверуваа сите возови, автобуси, желеснички станици но и автомобили. Полициските контрли на патиштата се зачестени.

„Добивме многу важна информација, се надевам дека тоа ќе вроди со плод, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Адмир Катица, министер за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Во полиција до сега се јавиле голем број загрижени граѓани и пријавиле потенцијални локации каде што убиецот би можел да се скрие. Во селото во понеделникот имаше многу малку деца во училиштата поради оправданиот страв од страна на родителите родителите да не се крие убиецот во нивната област.

Убиецот прво го убил Сауд Султаниќ пред осум дена, потоа направил уште едно кривично дело, го убил полицаецот кој бил на должност. Според тамошните медиумите, убиецот е добро познат на полицијата, како малолетник бил и во малолетнички затвор поради тоа што ги убил неговата мајка и нејзиниот љубовник.За пресудата на Гачиќ доста ќе придонесе и тоа што му се повторува кривичното дело и други останати прекршоци кој ги имал па така го очекува доживотен затвор.