Мајката која роди пет деца
Мајки Почетна

Брачниот пар се надевал дека ќе има близнаци, но кога ја дознале вистината позитивно се изненадиле

Младиот брачен пар дознале дека наскоро семејството ќе им се зголеми со уште еден член, останале воодушевени. Двојката од чешкиот град Миловице имале само едно дете.

Радоста им била огромна, кога лекарот им рекол дека Александра чека близнаци, бидејќи нивниот сон да имаат три деца бил на пат да стане реалност.

Малку подоцна сепак Антониа и Дејвид отишле кај друг лекар кој им соопштил вест за која дефинитивно не биле подготвени. Кога им ги покажа резултатите од видеото, биле толку шокирани што почнале да плачат.

Првично докторот сметал дека таа чека близнаци, но потоа се испоставило дека нема да бидат две бебињата  туку три.

Сепак кога се увидело дека стомакот не престанал да расте во следните студии станало јасно дека четири новороденчиња биле на пат.

Но и после анализите нешто чудно се случувало со стомакот на 23-годишната жена кој не престанувал да расте, и по последниот ултразвук на бела светлина, ја дознаа шокантната вистина дека младиот брачен пар сепак ќе чека пет новореденчиња.

Пораѓајот се одвивал без компликации, а Антониа стана мајка на четири момчиња и едно девојче.

Иако непречено раѓање, работите во овој ден не поминале како што треба. Возбудениот татко за малку да го пропушти историската настан, бидејќи имало проблем со возот со кој патувал. За среќа, успеал да стигне навреме до болницата.

 “Плачев по целиот пат, бидејќи бев уверен дека ќе го пропушти раѓањето на бебињата”, вели тој.

Ова е прв случај во кој жена во Чешка забременува по природен пат со пет бебиња. Според анализите на шефот на Прашкиот Институт за грижа за мајки и бебиња, сите деца биле целосно здрави.

Дени, Мајкл, Алекс, Мартин и Терезка растат силни и здрави. Веројатно ова не бил бројот на деца кои Антониа и Дејвид сметале да го имаат, но сигурно е дека не се жалат па бибњата ги сметаат за вистински благослов.

Пет близнаци