Се забарикадирале во штипскиот затвор и се закануваат дека ќе се самоповредат
Македонија Почетна Случувања

Видео: Затвореници од штипскиот затвор се забарикадирале во ќелија и се закануваат дека ќе се самоповредат

Петмина затвореници во затворот во Штип се забарикадирале во својата ќелија и се закануваат дека ќе се самоповредат.

Како што јави штипската телевизија ТВ Стар, кај затворениците биле пронајдени мобилни телефони, што е забрането во затворот, по што им се одземени. Петемината затвореници се жалат дека мобилни имаат и други затвореници, и дека тие се привилигирани и ги користат а нив им се одеземаат. Во моментов, според информациите течат преговори. Затворската управа ги убедува да ја отворат ќелијата, а тие се закануваат дека ќе се самоповредат со приборот за храна.

Од полицијата сеуште нема официјални информации за настанот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.