Воз кој сообраќал од кичево до скопје излетал од патот
Македонија Почетна Случувања

Возот кој сообраќал Кичево – Скопје утрово удрил во карпа и излетал од шините

Патничкиот воз кој сообраќал на линија Кичево-Скопје утринава удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта гостиварско. Повредени нема, но има прилично материјална штета и сообраќајот на тој дел од пругата е привремено прекинат.

Во полициската станица Гостивар утрово, во 6:45 било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од Кичево удрил во карпа на потегот помеѓу селата Лакавица и Падалишта. Од ударот композицијата излетала од шините. 

По пријавувањето на случката, на местото на настанот е упатена екипа за увид.

Согласно со стандардната процедура, веднаш е испратен помошен воз со кој треба да се врати гарнитурата на шините по што ќе се утврди оштетувањето на пругата.

Во несреќата нема повредени лица, но сеќавањата од последните случувања во Македонија се свежи и долго време нема да се заборават.