Крокодили на улиците во австралија, голема природна катастрофа
Почетна Свет Случувања

Голема катастрофа во Австралија: Крокодили се шетаат по улиците

Делови од Австралија, се погодени од катастрофални поплави, предизвикувајќи над 20.000 луѓе да бидат евакуирани.

Поради брзиот пораст на водата на улиците, се забележуваат крокодили и змии по улиците, а метеоролозите најавуваат дека дождот ќе продолжи и во наредните неколку денови, па така голем дел од луѓето се евакуирани и на сигурно.

Градот Таунсвил во Квинсленд бил речиси целосно потопен, жителите останаа без електрична енергија, а многу од поплавите ги изгубија и своите живеалишта.

– Ова се случува еднаш во 100 години – изјавуваат од власта.

Спасувачките служби ги користат се што им е на располагање како чамци и хеликоптери, до сега над 1.100 луѓе се спасени од своите домови. Ситуацијата е алармантна, ако продолжат дождовите може катастрофата да достигна до поголеми размери кои до сега Австралија не ги памети.