Експлозија во париз 2ца пожарникари загинати а над 50 повредени во центарот на градот
Почетна Свет Случувања

Експлозија во Париз, 2 лица загинати а околу 50 лица се повредени

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристофер Кастанер веднаш по експлозијата во центарот на Париз, го посети местото на несреќата и притоа изјави дека се работи за експлозија од поголеми размери.

Според информации од француските медиуми досега двајца пожарникари се загинати а најмалку 50 лица се повредени од кои 10 со тешки повреди, а меѓу повредените има уште еден пожарникар кој интервенирал во гасењето на пожарот.

Според официјалната изјава од министерот причината за експлозијата најверојатно било истекување на гас во пекара која се наоѓа во центарот на градот. Тој исто така појасни дека првите индикации укажуваат на тоа дека се работи за несреќен случај, и додаде дека не постојат нови опасности за експлозија. Испитувањата се сеуште во тек и за брзо ќе се дознае точната причина за екплозијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.