Пронајдена марихуана во дебар, марихуаната била сокриена во вреќи
Македонија Почетна Случувања

Кај дебар во ПМВ “Цитроен” пронајдени и одземени 30 килограми марихуана

Спакувани и сокриени во три вреќи се пронајдени и одземени околу 30 килограми марихуанаи, марихуаната е пронајдена вчера во патнично моторно возило “Цитроен” со скопски регистарски ознаки на патот Дебар – Маврово, а во случајот до сега се приведени три лица.

“МВР денеска соопшти дека вчера вечер околу 20,00 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на мелнички мост, запрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново. При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.”

– Ќ.М е приведен, а по дополнително преземените мерки, на граничниот премин „Блато“, кај Дебар, приведени се и државјани на Република Албанија Д.Ц.(41) и А.М.(45). По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка, се појасува во соопштението.