За сите љубители на чоколадо, квадро чоколадна торта десерт кој се памети
Моја кујна Почетна

Квадро чоколадна торта: само за љубителите на чоколадо

Ви претставуваме рецепт за совршена торта со црно, бело и млечно чоколадо за која е потребно малку трпение и време, резултатот е мешовина на вкусови која ја создава секој сладок кат од тортата со својот специфичен тон.

Состојки потребни за подготовка на тестото:

– 70 грама брашно

– 4 јајца

– 50 грама какао

– 50 грама шеќер

Состојки потребни за подготовка на филот:
– 150 мл. вода

– 200 грама шеќер

– 100 грама бела чоколада

– 100 грама млечна чоколада

– 100 грама црна чоколада

– 100 грама чоколадно какао

Припремете ги преходните состојки и полека замешајте ги во еден сад.

Земете друг сад и ставете ги следните состојки:

– 500 мл. млеко

– 2 кесички  пудинг (чоколаден)

Начин на подготовка:

Загрејте ја релната на 190 степени.Во сад стевете ги состојките наменети за тестото, измешајте ги и ставете ги да се печат додека не добиете крцкава кора и мека средина.

Подготовка на филот: 

3-те видови на чоколадо се топат на водена пареа, потоа се додаваат водата, шеќерот, чоколадното какао и направениот пудиг, се мешаат и филот е припремен.

За декорација доколку сакате на тортата можете да растопите чоколадо за готвење или да посипете шеќер во прав.

УЖИВАЈТЕ!