Човек пушел марихуана и пријавил дека здогледал тигар
Почетна Свет Случувања

Конзумирал марихуана и здогледал тигар: Пријавил во полиција и сите мислеле дека халуцинира но вистината ги изненадила

Американец од Тексас се сокрил во напуштената куќа за да пуши марихуана, во една од собите во куќата здогледал тигар! Иако сите мислелеа дека американецот халуцинира но спека ѕверот е вистински.

Кога се јави во полициската станица во Хјустон да им каже што видел, тие мислеа дека човекот халуцинира. Меѓутоа полициска екипа ја посетила напуштената куќа каде навистина пронашле голем тигар во затворен во кафез. Имало неколку пакети со месо покрај него, но покрај тоа полицијата не најде друг доказ дека некој доаѓа во куќата, објави ББС.

После наоѓање на тигарот во соопштението за медиумите изјавија дека тие се предупредени дека во куќата има тигар од страна на “загрижен граѓанин”, кој во напуштената куќа дошол само за да “запали марихуана”.

– Ние го прашавме дали тој бил под влијание на дрога или навистина го видел тигарот –  рече полицаецот Џејсон од Хјустон.

Полицијата, исто така, откри дека голема мачка била заробена во не многу добро составен кафез чија врата била обезбедена со шрафцигер и најлон. Иако тигарот бил мирен и вчуденевиден од тоа што се случува во крајно нехумани услови во кој бил заробен. Членовите на одделот за заштита на животните го заловиле со приспивни препарати со цел да го извадат од кафезот и да го вратат во пристојно живеалише.

Тигарот моментално е преселен во едно од засолништата во Тексас, а полицијата започна истрага за да се открие кој би можело да држи тигар во овие услови.