Вицотека, продолжен викенд, вицови
Вицотека Забава Почетна

Кратки вицеви за добар почеток на неделата

1. Хакери 
Разговараат двајца хакери:
– Го знаеш оној поглед кога на девојката од очи и’ се гледа дека сака да легне со тебе…
– Не го знам.- Ни јас.


 

2Другата страна
Некоја плавуша шетала и стигнала до една река, ама не знаела како да ја премине. Во тој миг здогледала друга плавуша на спротивниот брег и ја прашала:- Како да преминам на другата страна?
А оваа и’ одговорила:
– Па, ти си веќе на другата страна.


3. Синот на Трпе и Трпана
Малиот Трпе довел дома три девојки. Уште од вратата и вика на Трпана:
– Мамо, ај погоди која од овие три ќе ти биде снаа?
– Оваа третата, црнката. – рекла Трпана.
– Браво, од прва ја погоди. Како?
– Што знам, само што ја видов почна да ме нервира некако.


4. Двајца Затвореници
– На колку години те усудија тебе? – прашува едниот
– На десет.
– А зошто, што направи?
– За ништо, навистина ништо…
– Аха, на друг да му ги кажуваш тие приказни… Кај нас за ништо осудуват на пет години.


5. Трпе пиел рум
Трпе бил мераклија по рум, и отишол на доктор бидејќи се го болело.
Докторот го прегледува и:
– Трпе, под итно мораш да престанеш со пиењето на рум.
– Леле докторе сум пробал сто пати ама многу тешко ми оди.
– Мораш Трпе, немој да мислиш на рум, немој ни да го спомнуваш, и ќе успееш.
Отишол Трпе во кафеана и нарачува, чајче, а келнерот:
– Сакате со рум или без рум.
– Може …. без чај!


6. Го прашува жената мажот
– Драги знаеш дека утре ми е роденден ?
– Да драга знам.
– Па, ке добијам ли нешто ?
– Секако, имаш некоја желба ?
– Па би сакала нешто мало, плаво, металик и да иде од 0 до 100 за секунда.
Наредниот ден мажот и поклонува кутија на жената, а во неа вага. И таа го прашува:
– Па добро што е ова ?
– Драга како што посака мало, плаво, металик и иде од 0 до 100 за секунда!


7. Емисија за готвење
Трпана на телевизија гледа емисија за готвење.
-Трпе доаѓа и и вика: Што гледаш вакви емисии и онака не те бива!
-Tрпана: Па и ти гледаш порничи!


8. Логика
Шефот изнервиран дека неговите полицајци се глупави им вика:
– Сакам утре сите да ми кажете што е тоа логика!
И иде еден цајкан дома, мисли мисли, па ја прашува жена му.
– Абе жено, што е тоа логика?
– Епа вака сега… ти имаш аквариум така?
– Да
– Епа тоа значи дека сакаш риби, така?
– Да, да.
– Сакаш риби значи сакаш женски. Сакаш женски значи не си педер! Тоа е логика свати?
И иде следниот ден цајканот кај шефот и му вика
– Шефе знам што е логика!
– Е ај кажи.
– Ти имаш аквариум дома?
– Не.
– Епа педер си!