Хинд албалоки бара спас во македонија
Македонија Почетна Случувања

Мајка на 4 деца која доаѓа од Емиратите бара спас во Македонија бидејќи и следува неправедна смртна казна

Деновиве на социјалните мрежи се прошири вест како 34-годишна мајка на 4 деца бара азил во Македонија. Хинд моментално се наоѓа во Македонија, а доаѓа од Емиратите, таа бара азил со цел да си го спаси животот. Хинд била злоставувана од својот татко и нејзините браќа, но и често била жртва на семејно насилство.од нејзиниот сопруг.

Точната локација на Хинд според социјалните мрежи е во притворот во Гази Баба Скопје. Постои голема опасност Хинд да биде депортирана во Дубаи каде што ја чека смртна казна. Хинд ја предвидела опасноста кога побарала развод од нејзиниот сопруг и кога тој и ги побарал личната карта и пасошот за да го променат името, точната цел била сокривање на идентитетот па така Хинд ги напуштила Емиратите и стигнала во Макеоднија да бара помош.

Помош да Хинд која доаѓа од Емиратите и бара азил во македонија

Многу луѓе пробуваат да и помогнат на Хинд во Македонија која тврди дека има фотографии и видеа како докази за тоа што преживела и што ќе ја чека ако се врати назад. 

Погледнете ги пораките кои и ги испратил сопругот:

Пораките кои и се испратени на Хинд од нејзиниот сопруг

На социјалните мрежи се споделуваат документи како Хинд е одбиена за азил од страна на Македонија поради “постоење на опасност по национална безбедност”, поради одбиениот азил можно е Хинд за неколку денови да се депортира од каде што е дојдена. 

На социјалните мрежи сите кои сакаат да и помогнат на Хинд бараат помош од властите, невладините организации, политичарите и сите кои можат да допринесат за Хинд да се спаси.