Немате време за шминка, погледнете како за 5 минути да се нашминкате
Мајки Почетна

Немате време за шминка? Еве како за само пет минути да заблескате

Немате време за шминка? Еве како за само пет минути да заблескате!

Во само четири чекори и неколку минути потрошено време, заблескајте.

Make up – от неизоставен дел од секојдневието на современата жена

Не важно дали одите некаде или сте цел ден по дома, секогаш малку шминка на лицето ќе направи да се чувствувате убави, привлечни и самоуверени. Шминката не мора да биде целосна или пренагласена, доволни се овие четири make up производи за совршен дневен make up изглед.

ББ и ЦЦ тонираните креми се идеални за дневен make up. Тие му даваат свежина и свиленкаст изглед на лицето, ги прекриваат недостатоците и притоа ја негуваат кожата.

Маскарата е таа која најмногу ја истакнува женската убавина. Комбинација од две маскари секогаш прават совршен изглед на трепките.

Руменилото е едно од основните make up производи за разубавување, го освежува тенот и му дава здрав и блистав изглед.

И за крај нанесете нежна нијанса моливче за усни, кармин или сјај кој ќе направи да изгледате неодоливо.

 

Немате време за шминка, погледнете како за 5 минути да се нашминкате

Автор: Анета Дин