Дарко кавадарци навивачка група хумана акција
Македонија Почетна Случувања

Пример за хуманост: Дарко Недев го фати крстот во Кавадарци и организира хуманитарна акција

Дарко Недев, момчето кое го фати крстот за Водици во Кавадарци, заедно си навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, за денес организираат хумана акција.

-Денес од 9:15 часот светиот крст ќе биде поставен на градскиот плоштад во Кавадарци и сите верници ќе можат да го бакнуваат и даруваат. Сите пари ќе бидат донирани за помош на малата Драгана Малкиќ, на која и е потребна итна операција во Германија, нагласија од навивачката група.

Рекоа дека во деновите за празнување на делата Господови кога сите си ги посакуваме најубавите желби и се молиме за нашите најблиски и најсакани, повикуваат сите да ја покажат својата хуманост.

-Да помогнеме едно мало девојче да ги види со своите очи луѓето кои бескрајно ја сакаат. Бог се јави. Навистина се јави, додадоа од навивачката група.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.