Филмски грабеж предмалку во скопје, одземена голема сума на пари
Македонија Почетна Случувања

Филмски грабеж во банка во Скопје: Вработените и присутните легнати на под, додека разбојниците оперирале

Уште еден грабеж на банка во Македонија. Разбојниците дошле пред банката со автомобил без регистерски таблички, влегле во банката и со вперени автоматски пушки им се заканиле на присутните и вработените да легнат на подот. Одземена е голема сума на пари но сеуште нема информација за колку пари точно се работи. Кражбата наликувала како сцена од филм. Се работи за ексозитура од “Халк Банка” која се наоѓа на патот за Визбегово.

После грабежот разбојниците влегле во автомобилот кој за време на кражбата бил пред банката и го напуштиле местото.

“На 04.02.2019 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во банка на улица „Јадранска магистрала“непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума на пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.” – Дневен билтен на МВР.