Airlander 10 ги поместува границите за луксуз: Погледнете во внатрешноста на најголемото летало во светот
Почетна Технологија

Airlander 10 ги поместува границите за луксуз: Погледнете во внатрешноста на најголемото летало во светот

Hybrid Air Vehicles е реномираната британска компанија која го креираше Airlander 10 како хибриден брод, хеликоптер и авион. 

Вкупната должина на Airlander 10 изнесува 92 метри, колку за споредба, Airlander е 18 метри подолг од најголемиот патнички авион во светот.

Идејата на оваа компанија е на патниците да им се овозможи искуство на удобен лет пред превоз до одредена дестинација.

Airlander 10 ги поместува границите за луксуз: Погледнете во внатрешноста на најголемото летало во светот

Аirlander 10 изобилува со луксуз и техонологија која ги поместува границите во производството во својата индустрија, има вкупно 10 спални соби, ноќен бар и просторија за дневно престојување и релаксација. 

Занимливо е тоа што салонот е изработен целосно до стакло па така на патниците им се овозможува прекраснен панорамски поглед од околу 5.000 метри надморска височина.

Претходниците на Airlander 10 завршила кобно, пред само неколку години се срушија додека беа на тест летање, но произведувачите и креаторите не губат надеж и се надеваат дека сега ќе успеат.

Пред да започне со комерцијални летови мора да се помине околу 200 часа во пробно летање и неколку тестови.