Атракција по која полуде цел свет: Преспивање и вечерања во придружба на ајкули
Магазин Патувања Почетна

Атракција по која полуде цел свет: Преспивање и вечерања во придружба на ајкули

Loading...

Познато е дека при посета на градот на љубовта и виното, Париз, се доживуваат незаборавни моменти кои се паметат до крајот на животот. Најнова атракција е преспивањето во собата на Ван Гог со необични животни. До пред некое време беше можно само да ручаш и да ги набљудуваш како пливаат околу тебе но сега има можност и да преспиете заедно со овие животни кои се сметаат за едни од најкрволочните.

Вредно е да се напомене дека ајкулите и не се толку опасни колку што предупредува човекот. Аквариумот е безбеден и на последните тестирање добил највисока оценка за безбедност па така не мора да се грижите дали стаклото ќе пукне и ќе станете оброк за големи животни.

Хотелот кој нуди ноќевање со овие животни има и вработено специјалист за ајкулите кој е вашите водич за време на престојот. 

Атракција по која полуде цел свет: Преспивање и вечерања во придружба на ајкули
Loading...

Како што стои во понудата, за три ноќи, колку што е испланирана посетата на аквариумот, посетителите ќе спијат во подводни и луксузни спални соби со провидни ѕидови кои дозволуваат поглед кон останатите посетители во аквариумите. Како дел од туристичката тура, посетителите заедно со водичот ќе имаат можност малце повеќе да се запознаат со навиките на овие животни. А најинтересен дел се смета послужувањето на вечерата додека животните кружат околу вас и мирно набљудуваат во вас и во вашата храна.

Според научниците и последните испитувања, ајкулите не се предатори кои убиваат се што ќе им дојде пред нив. Научниците ги сметаат како главен столб на водниот екосистем, затоа што тие јадат стари и болни риби кои се пред изумирање и на тој начин го спречуваат ширењето на болести кон другите животни во океаните.

Атракција по која полуде цел свет: Преспивање и вечерања во придружба на ајкули

Исто така направена е и сторија за животот во океаните без ајкули. Тогаш тоа би било вистински хаос и најверојатно би изумрел целиот жив свет што се наоѓа таму.

Добро е да се знае дека ајкулите се крајно интелигентни животни која напаѓа само тогаш кога се чувствува загрозено.

Loading...