Авионската индустрија оди чекор подалеку, патниците ќе се превезуваат во крилата на авионите
Почетна Технологија

Авионската индустрија оди чекор подалеку, патниците ќе се превезуваат во крилата на авионите

Загадувањето стаса и до производителите на авиони, како и автомобилската така и авионската индустрија е виновник за секојдневното загадување и уништувањето на природата. Јавна тајна е дека и авионската индустрија не обрнува многу многу внимание околу екологијата и загадувањето. 

Група од врвни инженери и професори на Технолошкиот универзитете Делфт напорно работат на остварување на нивниот уникатен сон, а главен спонзор за нивната идеја да стане реалност и да се направи првиот прототип е холандската авиокомпанија KLM. Правата за концептот припаѓаат на студентот Јустус Бенад и занимливо е тоа што го носи името на електричната гитара на која наликува, Gibson flying-v.

Авионската индустрија оди чекор подалеку, патниците ќе се превезуваат во крилата на авионите

Се верува дека овој концепт ако прерасне во производство целосно ќе ја смени авионската индустрија. Патничкото летало ќе биде во V форма и според првичните неофицијални пресметки ќе троши 20% помалку гориво поради овој дизајн.

Целиот концепт е развиен, првите тестирања би требало да бидат во септември оваа година, а авионот да биде пуштен во употреба во 2040 година.

Авионската индустрија оди чекор подалеку, патниците ќе се превезуваат во крилата на авионите

Авионот е опремен со врвна технологија и висок степен на луксуз, ќе може да се превезуваат 314 патници кои ќе бидат сместени токму во крилата каде ќе бидат и резервоарите за гориво и делот за багаж.

Авионската индустрија оди чекор подалеку, патниците ќе се превезуваат во крилата на авионите