Балкански изградиле нарко мрежа во Малтa, пронајдени се 65 килограми марихуана и 17.000 евра во кеш
Почетна Регион Случувања

Балканци изградиле нарко мрежа во Малтa, пронајдени се 65 килограми марихуана и 17.000 евра во кеш

loading...
loading...

Во Малта уапсени четири лица, од кои еден од нив е Хрват и двајца се Срби. Полициските екипи кај нив откриле 65 килограми канабис.

Според тамошните медиуми, полицијата соопшти дека пронашла околу 17 килограми скриени во автомобил,  47 килограми се пронајдени сокриени во гаража, преостанатиот 1 килограм канабис полицијата го пронашла во ранец каде и имало смола од канабис. Покрај канабисот, одземени се и над 17.000 евра во кеш кој најверојатно се стекнати од продажба на истиот.

Во акцијата се уапсени Хрват на 42 годишна возраст, двајца Срби на 36 и 37 години и еден државјанин на Малта.

За групата, денес е закажану судење по што ќе се дознае висината на затворската казна и понатамошната постапка.

loading...