Русија ќе гради нуклеарна централа на балканот
Почетна Регион Случувања

Балканот добива нуклеарна централа, Русите спремни за инвестиција

loading...
loading...

Рускиот премиер Димитриј Медведев денеска за тамошните медиуми изјави дека Русија е подготвена да учествува во проектот за нуклеарна енергија на Балканот, поточно во Белене во Бугарија.

Медведев изјави дека се подготвени за овој проект и цврсто веруваат дека ќе успеат. Единствен услов за Балканот да добие Нуклерана централа е само ако има такви понуди.

“Ние не одбиваме ништо, бугарите ќе имаат тендер. Општо земено, ние сме подготвени да учествуваме ако постои соодветна понуда”, одговори Димитриј на едно од новинарските прашања.

Медведев додаде дека Русија има способност и знаење професионално да ја изгради како и во другите европски земји.

loading...