Бебе оставено во парк во Скопје, пронајдено до страна на случајни минувачи
Македонија Почетна Случувања

Бебе оставено во парк во Скопје, пронајдено до страна на случајни минувачи

Бебето било пронајдено од страна на случаен минувач во парк и без облека. Како бебето завршило во паркот се уште не е познато и се трага по неговати родители.

“На 14.05.2019 година во 11.45 часот во СВР Скопје, од граѓанин било пријавено дека на бул.„Македонско-косовска бригада“, во тревник пред куќите, имало бебе кое плачело. Од екипа на Итна медицинска помош бебето било однесено во Детската клиника и било во добра здравствена состојба. Идентитетот на бебето и мајката се уште е непознат.” – стои во дневниот билтен на МВР. 

За настанот се запознаени социјални работници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.