Бизарна несреќа: Мал авион се забил во покрив од куќа
Почетна Свет Случувања

Бизарна несреќа: Мал авион се забил во покрив од куќа

Неопходно било авионот да слета на покривот на една куќа во Америка. Оваа сцена буквално како на филм и изгледа страшно, но за среќа никој не е сериозно повреден.

Пилотот требало да слета на аеродромот во Даниери кој бил оддалечен 4,5 км од оваа куќа, но малото летало од непознати причини се срушило. 

За среќа, пилотот и копилотот биле пронајдени на таванот од куќата. Во моментот кога леталото се забило во куќата имало 3 лица од кои само едно поминало со полесни повреди.