Шверцувал гулаби преку граница
Забава Занимливости Почетна

Бизарни работи кои луѓето сакале да ги шверцуваат на аеродром

Секој кој патувал имал искуство со претреси на аеродроми и гранични премини, дел од нив заборавиле да извадат ножички од чантата или пак други ситни метали, други пак не прочитали кои работи се дозволени за пресенување. За сите тие е оправдано, но сепак овие луѓе заминале едно ниво погоре, тоа што го правеле е далеку од нормално, погледнете ги овие бизарни шверцувања на кои им се чуди цел свет.

1. Мртов човек

Во 2010 година две жени биле приведени откако полициските службениците се посомневале во нивниот роднина кој наводно „спиел“. Жените тврделе и дебатирале дека човекот не е мртов и сакале да се качат во авионот заедно со него, но претходно полицијата добила потврда од болницата дека нивниот роднина кој спиел бил починат.

Шверцувале мртво тело преку граница
2. Гулаби

Во 2016 година средновечен маж кој бил државјанин на Германија се враќал дома од Израел и на аеродромот му пронашле 6 живи гулаби во неговиот куфер. Секој гулаб бил вреден околу 200 долари но која била целта за ваков шверц се уште не е познато.

Шверцувал гулаби преку граница
3. Остатоци од мозок

Во 2011 година царинските службеници на еден од аеродромите во Велика Британија откриле фрагменти од човечки череп и заби во рачниот багаж на две жени. Жените кои биле појдени како туристи во Велика Британија биле суеверни и ги купиле од жена која тврдела дека токму тие ќе им донесат среќа во животот. Жените не биле обвинети, но остатоците им биле одземени и предадени на истражување за да се дознаел дали остатоците се дел од некој истрага за убиство.

Шверцувал делови од череп и мозок преку граница
4. Тигар

При проверка во еден од куферите на една жена на аеродромот во Бангкок било пронајдено тигар „бебе“ кое било старо само 3 месеци. Таа исто така до вистинскиот тигар ставила и плишана играчка и се надевала дека тигарот, кој претходно бил медицински успиен, службениците ќе го сметаат исто така за играчка и нема да се открие. Но, нејзиниот план не успеал и таа завршила зад решетки и била осудена на затворска казна 7 години.

Шверц на тигар преку граница
5. Глава од фока

Професор кој предавал биологија бил задржан на аеродромот откако обезбедувањето нашло глава од фока што ја носел во неговиот рачнен багаж. Тој се бранел дека фоката била мртва и дека ја земал за научни испитувања и да ја покажува на предавањата.

Шверцувал глава од фока