BMW оди чекор подалеку: Новиот BMW X5 Protection VR6 е отпорен на куршуми и експлозив
Автомобилизам Почетна

BMW оди чекор подалеку: Новиот BMW X5 Protection VR6 е отпорен на куршуми и експлозив

BMW уште еднаш оди чекор понатаму. Конкурентите збунети, додека пак клиентите пријатно изненадени. Целта на новиот BMW X5 Protection VR6 е за оние кои се наоѓаат во многу опасни подрачја од светот, но и понатаму сакаат да уживаат во луксуз и удобност.

BMW X5 Protection VR6 е ист како и секој останат BMW X5 модел, но за разлика од основната верзија Protection VR6 е отпорен од куршуми и експлозиви. Официјалните инормации се дека Protection VR6 може да издржи експлозија од 15 килограми ТНТ и тоа на одалеченост од неколку метри, благодарени на 30 милиметарските дебели стакла.

BMW оди чекор подалеку: Новиот BMW X5 Protection VR6 е отпорен на куршуми и експлозив

Protection VR6 го носи култниот и моќен 4,4 литарски Biturbo V8 мотор кој поседува неверојатни 523 коњски сили. Protection VR6 е ограничен на брзина од 211 километри на час, а од 0 до 100 забрзува за само 5,9 секунди, што за еден теренец тоа е чудо.

BMW оди чекор подалеку: Новиот BMW X5 Protection VR6 е отпорен на куршуми и експлозив

Сепак ова е само еден концепт од гигантот, па датумот кога стартува со производство се чува во тајност. Во врска со цената и таа не се знае точно, но шпекулациите се дека ќе биде далеку поголема од нормалниот Х5. 

Според тамошните медиуми, голема е заинтересираноста за овој теренец, па се надеваме дека нема да биде проблем и цената.