Брат и сестра пронајдени мртви во шумска куќичка, телото од братот речиси изедено од диви животни
Почетна Регион Случувања

Брат и сестра пронајдени мртви во шумска куќичка, телото од братот речиси изедено од диви животни

Кај Водица, Босна и Херцеговина, брат и сестра во постари години се пронајдени мртви, пренесуваат тамошните медиуми.

Се работи за Милка и Недељко Илиќ, кои живееле сосема сами во шумска мала куќичка оддалечена од останатите луѓе.

Жената е пронајдена внатре во куќата како лежи на каучот, а нејзиниот брат е пронајден во дворот на куќата. Телото на Милка било недопрено, но телото на Недљко кој е пронајден во дворот му недостасуваат делови. Првите претпоставки се дека по смртта на Недељко телото го имаат нападнато диви животни бидејќи нивната куќа е многу далеку од останатите.

За братот и сестрата се зборува оти воделе прилично неуреден живот, а често можеле да се видат и како одат или стопираат и во другите општини.