Чесни сестри заработуваат илјадници евра од производство на марихуана
Почетна Свет Случувања

Чесни сестри заработуваат илјадници евра од производство на марихуана

Чесните сестри од еден манастир кој се наоѓа во Калифорнија заработуваат илјадници евра на годишно ниво, верувале или не, од производство на марихуана.

Чесните сестри, со овој вид на бизнис започнале уште во 2011 година. Нивниот почеток бил со само неколку растенија, а денеска работата вистина им оди како што треба. 

Чесните сестри тврдат дека со своите производи од канабис се во состојба да излечат најразлични болести, почнувајќи од епилепсија па се до рак. Исто така тие за посетителите тврдат дека до сега од зависност спасиле 8 лица.

– Работевме со група од осум лица кои беа зависници од алкохол, цигари и дрога и на сите им беше подобро. Имаме одличен успех во лечење од зависности и ќе продолжиме со тоа темп – изјавила чесната сестра Кејт Мијусен за локалните медиуми.