Црна недела во Македонија: Починаа четири лица, едно од нив малолетно
Македонија Почетна Случувања

Црна недела во Македонија: Починаа четири лица, едно од нив малолетно

Четири лица починаа, изминатиот викенд беше еден од најцрните оваа година во Македонија.

Според податоците од дневниот билтен на МВР, помеѓу починатите има и малолетник.

Вчера, околу 16,40 часот било пријавено дека во кумановско, 15 годишник од селото Љубодраг, влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Од страна на полициски службеници и граѓани телото било пронајдено и извадено.

Вчера, во селото Брајчино, животот го загубило 27 годишно момче од Скопје кое било ангажирано за сечење дрва. Едно од дрвата му паднало на главата, при пристигнување на лекарите можело да се константира само смрт.

Во 11 часот вчера во СВР Скопје од комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен 63 годишниот Б.С. од Богданци, кој бил ангажиран за изведување градежни работи на куќа во населбата Радишани, паднал од висина и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде околу 10,45 часот починал.

Исто така во  02,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на крстосницата од населбата Ајдучка чешма и населбата Перо Чичо, 45-годишниот Т.Т. од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „ Голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот.