Црни претпоставки за иднината: До 1950 година ќе има повеќе пластика отколку риби во океаните
Почетна Свет Случувања

Црни претпоставки за иднината: До 2050 година ќе има повеќе пластика отколку риби во океаните

Од 1950 до ден денес се произведени околу 8,3 милијарди тони пластика, а како резултат на тоа светот се соочува и ќе се соочува со огромен проблем во загадувањето. 

Околу 40 проценти од пластичните производи се наменети за еднократна употреба. Според последните аналици, секоја минута во светот се купуваат еден милион шишиња вода спакувани во пластични шишиња и секој ден во океанот завршува околу 8 милиони парчиња на пластични кеси, чаши, шишиња и други отпадоци.

450 години трае процесот за распаѓање на пластично шише. Во овој момент во сите океани има 500 пати повеќе парчиња микропластика од бројот на ѕвезди во нашата галаксија. Една студија покажа дека дури 50 отсто од населението во светот во нивниот дигестивниот систем има траги од микропластика, претпоставувањата за следната деценија се црни и се претпоставува дека износот на пластичниот отпад може да се удвои. 

Светот секојдневно прави анализи и испитувања на оваа тема, а прогнозата за иднината е уште покатастрофална. Се претпоставува дека до 2050 година океаните и морињата ќе имаат повеќе пластика од риби. 

Клучната причина е дека пластичниот отпад е толку штетен за животната средина, бидејќи се распаѓа на многу мали парчиња т.н. микропластика која со децении и векови се задржува во природата и патува низ воздухот, водата и во рамките на живите суштества.