Детали за нападот во ресен
Македонија Почетна Случувања

Детали за нападот во Ресен во кои беа избодени четири лица со нож

МВР излезе со детали за крвавиот инцидент во Ресен. Околу 21.00 часот ноќеска во Полициската станица Ресен било пријавено дека во еден од рестораните на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Ресен настанала физичка пресметка помеѓу Б.О.(21), Л.А.(46), Т.Р.(33), од една страна и Р.Д.(51), од друга страна, сите од Република Албанија, кои во Ресен биле работно.

Според пријавата и светоците, во еден момент тие излегле надвор пред ресторанот, каде Р.Д. на Л.А. со нож му нанел убодни рани, а на Т.Р. расекотина. Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на местото на настанот.

На лицата им била укажана медицинска помош во болницата во Битола, а потоа Б.О., Т.Р. и Р.Д. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Ресен, а Л.А. бил задржан на лекување.

Причината за физичката пресметка се уште не е позната, МВР превзема мерки за целосно расчистување на случајот.