Доаѓа нов ѕвер од Фолксваген а ќе биде наследник на веќе докажаниот Голф Р400
Автомобилизам Почетна

Доаѓа нов ѕвер од Фолксваген а ќе биде наследник на веќе докажаниот Голф Р400

loading...
loading...

Германскиот добро познат автомобилски гигант Фолксваген веќе на големо ја актуелизира идејата за изработка на модел на Супер-Голф, кој ќе биде еден од најмоќните во историјата на овој автомобилски бренд.

Супер-голфот ќе се прави на новата генерација на Голф, што значи дека овој модел би се викал Golf R Plus. Се уште информацијата не е сигурно и немаат зелено светло за производство, но според реакцијата на обожаветелите, со сигурност супер голфот ќе влезе во производство.

Првиот човек на Фолксваген, Херберт Дајс се залага за што побрзо да се почне со производство на новиот ѕвер кој ќе руши рекорди. Како најголема причина за производство супер голфот е тоа што веќе неговите конкуренти почнуваат со изработка на тие модели како пример Mercedes-AMG A45, и Quattro Sport од Ауди.

Според првиот изграден прототип, супер голфот доаѓа со најмалку 400 коњски сили, седумстепен менувач на две нивоа и погон на сите четири тркала што до сега не е видено од Голф и за прв пат влегува во конкуренција со моќните Ауди и Мерцедес.

Спецификациите и цената се уште не се познати, бидејќи моментално се работи на прототип, па останува да видиме што ќе одлучи раководството на Фолксваген.

Инаку супер голфот ќе биде наследник на веќе докажаните Голф Р400 и најверојатно ќе го носи сериското име Голф Р400 Плус.

loading...