Момче 6 години се опијанило со ракија
Почетна Регион Случувања

Донесено во болница во критична состојба, шест годишо дете се опијанило од ракија, на таткото му се заканува казна затвор

Во Хрватска обвинителството од градот Чаковец покрена обвинителна постапка против родител , кој дозволил неговото 6-годишно дете да дојде до контакт со ракија и да се опијани. Детето било пренесоно во болница со неколку промили алкохол во крвта, по што едвај бил спасен.

Додека таткото бил пијан не забележал дека неговото шест годишно дете исто така пие од ракијата заедно со него. Судот го товари 31- годишниот татко за грубо нарушување на правата на децата затоа што го довел во алкохолизирана состојба и не внимавал дека 6-годишното момче од масата земало алкохол.

Таткото приметил дека нешто чудно се случува откако му се слошило на детето, па пријавил во болница и со брза помош било пренесено во најблиската болница каде докторите се бореле за неговиот живот. Детето било донесено во критична состојба, имало само шест години а во крвта имало 1,6 промили алкохол па така паднало во безсознание. Колку за споредба, со 1,6 промили алкохол во крвта возрасен човек од 30 години има двојно намалене функционалности, ослабен вид, ослабени рефлекси, изгубена концентрација и потешкотии во говорот.

Таткото ќе одговара кривично за запуштање на своето дете и му се заканува казна затвор од траење најмалку 3 години.