Фејсбук со нови промени: Доаѓа долго очекуваниот "темен мод" на апликацијата
Почетна Технологија

Фејсбук со нови промени: Доаѓа долго очекуваниот “темен мод” на апликацијата

Најбројната социјална мрежа во светот со ново изненадување за своите корисници. Имено, се работи за нов дизајн на андроид апликацијата кој ќе биде во темен мод.

Познатата блогерка Џејн Манчун Вонг открива нови делови кои што се преуредени за да биде оставена можност за воведување на долго очекуваната темна позадина.

Едно што е сигурно е тоа што апликацијата со темен мод ќе биде достапна само на Андроид верзија, додека пак не е познато дали ќе ја уживаат и корисниците на Ејпл.

Фејсбук со нови промени: Доаѓа долго очекуваниот "темен мод" на апликацијата

Исто така, овој план е на самиот старт и ќе помине одредено време пред да биде пуштен во употреба, но според коментарите на стручните лица, темниот мод ќе биде одлично прифатен од корисниците.

Оваа идеја е добиена после воведување на темен мод на апликацијата Messenger која што е исто така во сопственост на Фејсбук, уште во март доби “Темен мод”.

Фејсбук со нови промени: Доаѓа долго очекуваниот "темен мод" на апликацијата