Филипини со нов закон: Секој кој сака да дипломира мора да има засадено најмалце десет дрва
Почетна Свет Случувања

Филипини со нов закон: Секој кој сака да дипломира мора да има засадено најмалце десет дрва

Цластите на Филипини воведоа нов брилијантен, еколошки закон кој ќе го промени текот на масовното оштетување на шумите.

За оние кои сакаат да завршат основно или средно училиште, но и да дипломираат, мора да имаат посадено барем десет дрва. Овој закон го доби името “Матурантско наследство за животна средина”.

Секоја година, над 12 милиони деца завршуваат основно училиште во оваа земја, додека пак 5 милиони од нив завршуваат и средно училиште. Планот е да се засадат најмалку 175 милиони дрвца секоја година на Филипините.

Во последната деценија, оваа земја се соочува со големи шумски намалувања и оштетувања, па властите одлучија да се борат на овој начин.

Овој закон се очекува да го прифатат и другите држави кои се соочуваат со загадување и големо уништување на шумите.