Фолксваген изненадува: Се појавија фотографии од долго очекуваниот Голф 8
Автомобилизам Почетна

Фолксваген изненадува: Се појавија фотографии од долго очекуваниот Голф 8

Протекоа фотографии од долоочекуваниот Голф 8. Осмата генерација на Фолксваген ќе биде вистинско чудо.

Голф 8 доаѓа со нов дизајн како на ентериерот така и на екстериерот, но разликата од се уште култната 7ца нема да биде голема.

Фолксваген изненадува: Се појавија фотографии од долго очекуваниот Голф 8

На екстериерот како што се очекуваше, сменети се украсните маски кои се препознатливи кај Голф со што осмата генерација ќе има помоќен изглед за разлика од седмата. 

Во врска со ентериерот, Голф 8 оди чекор понатаму и голем дел од седмата генерација ќе биде заменета со целата инструментална табла со ЛЦД. 

Фолксваген изненадува: Се појавија фотографии од долго очекуваниот Голф 8

Една од најбитните работи е и моторот. Првичните информации се дека во прв план се хибридите и турбобензинците, но и покрај големите проблеми на Фолксваген со дизелот и лошото искуство, сепак не е исклучена можноста дека ќе имаме и дизел верзии.

Фолксваген изненадува: Се појавија фотографии од долго очекуваниот Голф 8

Цената за оваа генерација се уште не е позната, но како и до сега таа ќе биде прифатлива. 

Интересен е фактот што осмата генерација на Голф важи за една од најочекуваните во споредба со претходниците.

Фолксваген изненадува: Се појавија фотографии од долго очекуваниот Голф 8

За крај,  Фолскваген осмата генерација на Голф ќе ја претстави на Саемот на автомобили во Франкфурт кој ќе се одржи идната година.