(ФОТО+ВИДЕО) Опсада на Дебар, македонската полиција со успешна тактичко-показна вежба
Македонија Почетна Случувања

(ФОТО+ВИДЕО) Македонската полиција со успешна тактичко-показна вежба во Дебар

Денеска во Дебар, се одржа презентација на дел од опремата на Министерството за внатрешни работи и тактичко-показна вежба на припадниците на полицијата во рамки на активностите по повод одблежувањето на Денот на полицијата.

Тактичко-показната вежба ја следеше речици цел државен врв, како и градоначалниците на општините во тој регион.

(ФОТО+ВИДЕО) Опсада на Дебар, македонската полиција со успешна тактичко-показна вежба

„Ова е еден од начините како да ја обновиме, да ја зајакнеме врската меѓу граѓаните и македонската полиција на ниво на партнерство и соработка, се со цел да имаме и побезбеден град и побезбедна држава, но и побезбеден регион. Ова вежба ја направивме како дел од активностите по повод 7 мај, Денот на македонската полиција и токму заради тоа сакавме да биде во Дебар, да се претставиме пред граѓаните и да ги поттикнеме сите заедно да соработуваме, меѓутоа и да поттикнеме млади луѓе кои сакаат да бидат дел од македонската полиција од целиот овој регион” изјави Спасовски.

(ФОТО+ВИДЕО) Опсада на Дебар, македонската полиција со успешна тактичко-показна вежба

Исто така министерот им се заблагодари на градоначалникот на оштина Дебар, присутните медиуми и на граѓаните за заинтересираноста и масовната посета.

„Сите заедно, покажуваме пред македонската јавност за капацитетот, подготвеноста, за ентузијазмот на македонските полицијци и на тој начин упативме силна порака дека македонската полиција е чувар на стабилноста и безбедноста, подготвена во секој поглед да ги заштити сите граѓаните, но и Македонија“, стои во Изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.