Голема полициска акција на Бит Пазар, приведени четири лица кај кои е пронајдена марихуана
Македонија Почетна Случувања

Голема полициска акција на Бит Пазар, приведени четири лица кај кои е пронајдена марихуана

Голема акција на полициските екипи во Бит Пазар, во неколку одделни случаи лишени четири лица од слобода. При претресот, кај сите лица била пронајдена марихуана.

На 09.10.2019 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.К.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 08.10.2019 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.И.(22) и Љ.С.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 08.10.2019 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ј.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.