Големо апсење во Гостивар, уапсени 5 лица поради трговија со дрога, има и малолетник
Македонија Почетна Случувања

Големо апсење во Гостивар, уапсени 5 лица поради трговија со дрога, има и малолетник

На 12.07.2019, околу 22.45 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишиле од слобода пет лица и тоа: 21 годишниот И.Џ и 18 годишниот А.Џ (18) од Горна Бањица, 18 годишниот Л.А од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана. 

На 13.07.2019 во 3.10 часот исто така лишени од слобода се 17 годишник од Гостивар и 25 годишниот С.М од Гостивар, кај кои е пронајден кокаин. 

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против сите лице засегнати во случајот.