Гостиварчанец со мотор удрил во полицаец кој го запирал и побегнал
Македонија Почетна Случувања

Гостиварчанец со мотор удрил во полицаец кој го запирал и побегнал

На 12.09.2019 околу 01.00 часот полициски службеници го привеле 24 годишниот Б.В. од село Дебреше, гостиварско, затоа што на ул.„Борче Јовановски“ во Гостивар, управувајќи мотоцикл „трува“ со гостиварски регистарски ознаки, не застанал на наредба од полициски службеник кој вршел службени дејствија, а потоа го удрил со мотоциклот. 

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.