Хаос во Сараево, евакуирано цело училиште после дојава за бомба
Почетна Регион Случувања

Хаос во Сараево, евакуирано цело училиште после дојава за бомба

Утрово околу 8:40 хаос во Сараево. Сараевската полиција примила анонимен повик дека во Средното економско училиште во Сараево е поставена бомба.

Кратко по повикот формирани се специјални тимови и евакуирани се сите учениците и наставниците од училиштето.

Полицијата после пребарувањето на објектот утврдиле дека се работи за лажна дојава од непознато лице. Причината за дојавата не е позната, се трага по лицето кое пријавило.