Хорор во Виена: Србинка заедно со нејзините близначки пронајдени мртви во стан
Почетна Свет Случувања

Хорор во Виена: Србинка заедно со нејзините близначки пронајдени мртви во стан

Полицијата стан во Виена пронашла три тела кои припаѓале на мајка и две ќерки близначки, пренесуваат тамошните медиуми.

Се работи за мајката Весна на 45 годишна возраст и нејзините две ќерки, 18 годишни близначки по потекло од Србија. Пред да се дознае за трагедијата, загрижена пријателка подолго време ги барала, но без одговор. По пријавувањето интервенирале противпожарните и полициските епики така што ја пробли вратата и ги пронашле мртвите тела.

Првичните информации се дека двете близначки биле со инвалидитет, а пронајдени се како лежат мртви на каучот. При увидот не се забележани видливи траги на насилство, полицијата и понатаму го истражува случајот и телата се предадени на обдукција.

Првите информации кои ги добила полицијата се дека Весна неколку пати бегала од нејзиниот насилен сопруг во сигурна куќа, кратко потоа сеа развеле а тој замина, по што Весна останала да живее сама со своите децата. Соседите додават дека Весна имала и психички проблеми и нејзиното семејство никогаш не доаѓало во посета па така биле целосно сами. Мајката и нејзините близначки ретко излегувале од станот, но често можеле да се слушнат силни викотници од станот. 

Причината за смртта се уште се истражува, но претпоставките се дека Весна ги отрула со таблети ќерките и себеси. Исто така не се исклучува можноста Весна да паднала и починала, а нејзините ќерки да починале од глад.

Телата на девојките биле пронајдени во легната положба на каучот во соба, а мајката во ходникот од станот.