Штипјанка излажана за 7000 евра
Македонија Почетна Случувања

Измама на векот: Се претсавил како американски војник во Авганистан и од штипјанка зел околу 7000 евра

Педесет и четири годишна жена по потекло од Штип пријавила дека била излажана за околу седум илјади евра, таа платила средства за агенцијата како трошоци за да и бидат префрлени 850.000 долари. Парите требало да бидат префрлени од непознато лице со кое се запознале на „фејсбук” на крајот на минатата година и кои лажно се претставувало дека е американски војник кој е тешко повреден во Авганистан.

Како што информира МВР, според пријавеното, во декември 2018 година лицето и кажало дека бил тешко повреден, од авганистанските власти му била исплатена сума во вредност од 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и наводно сакал парите да и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата “Routenet Express” за да можат парите да пристигнат на нејзина сметка во Македонија. Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29.01.2019, во неколку наврати уплатила вкупно 7.300 евра и 1.590 долари на агенцијата. Парите требало да пристигнат до 20.02.2019, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена.

Од МВР информираат дека ова е прв случај со ваква измама и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.