Како на филм, рибар пронашол порака во стаклено шише која била пишувана пред 50 години
Забава Занимливости Почетна

Како на филм, рибар пронашол порака во стаклено шише која била пишувана пред 50 години

Рибар Пол Елиот изјави дека го бара авторот на порака која ја пронајде во стаклено шише во близина на јужниот брег на Австралија. Како што кажува Пол, пораката е пишувана пред 50 години.

Пол побара помош од сите медиуми и објасни дека тој и неговиот син Џија пронашле шише на западниот брег на полуостровот Аир во Јужна Австралија за време на нивниот риболов.

Исто така додава дека го бара авторот Пол Гибсон, кој во пораката пишал дека е на возраст од 13 години и е од Англија. Авторот патувал долж јужниот брег на Австралија, од Фриментал на запад кон Мелбурн на исток.

Океанограф Дејвид Грифин изјави дека верувал дека шишето било закопано на плажата со години и дека се појавило благодарение на последните невремиња.