Кина ја претставува иднината на плаќањето: Заборавете на новчаник и кеш, доволен е само паметен уред
Почетна Технологија

Кина ја претставува иднината на плаќањето: Заборавете на новчаник и кеш, доволен е само паметен уред

Иднината на плаќањето, замислете како би изгледало тоа да можете да платите се преку вашиот паметен телефон. Покрај плаќањто, плус да имате како преглед на сметка, што е купено, кога е купено и колку чинело. Епа тоа во Кина не е иднина, туку е сега и се вика We ChatPay.

Во моментов најголем дел од рестораните и кафулињате во урбаните области на земјата прифаќаат WeChat Pay за се што се наоѓа во менито.

Се што треба да направите е да го допрете телефонот, да го скенирате кодот и да направите исплата во траење од секунда или две.

Апликацијата WeChat, исто така помага да се убрзаат градските служби, како што е закажување состанок во болниците, нарачување лекови и слични шалтерски работи.

Со соработка со финансиска компанија од трета страна, продавачите на пазарите се во можност да го понудат мобилното плаќање преку QR-кодовите што се залепени над производите. Тоа значи дека купувачите не мора да носат пари, тие само треба да го носат мобилниот телефон или таблет и да скенираат.

Сепак, индустријата за мобилни плаќања е високо конкурентна во Кина. Големите компании како WeChat Pay и Alibaba’s Alipay плус многу помали ривали се натпреваруваат за удел на пазарот.