Кој ако не Кина: Кинезите ја претставија копијата на Тесла која е значително подобра и поевтина
Автомобилизам Почетна

Кој ако не Кина: Кинезите ја претставија копијата на Тесла која е значително подобра и поевтина

Познато е дека кинеската автомобилска индустрија е во голем подем. Благодарение на спремноста, почнаа да прозведуваат доста луксузни возила. но како што се вели кој ако не Кина па така има и голем број на произведени копии на европските возила. 

Пред некое време Тесла го промовираше својот нов автомобил Модел 3 кој ќе биде наменет за пазарите во Азија.

Кинеската индустрија не се плаши од гигантот кој пробува да навлезе во нивниот пазар и да им стане главна конкуренција. 

Кој ако не Кина: Кинезите ја претставија копијата на Тесла која е значително подобра и поевтина

Тесла беше пречекан на специјален начин, кинезите возвратија врз конкуренцијата со новиот “XPeng Motors”. Кинезите го претставија “XPeng P7” кој наликува на добра копија на Тесла. Благодарение на неговиот изглед, внатрешен и надворешен дизајн и спортска линија, не може да се познае дека тој е развиен токму од кинеската индустрија.

Исто така, кинескиот ривал не заостанува и во перформансите.  Според податоците кои ги имаат објаено  од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за само 4 секунди (додека пак моделот од Тесла стигнува за 5,6 с), исто така и системот за автономно возење ќе биде значително подобар од автопилотот кои го имаат Тесла.

Сепак со подобриот изглед, дизајн и подобрите перформанси се очекува цената да е повисока за разлика од Тесла, но грешит, кинеската копија е поевтина за околу 12.800 евра.