Крвав велгиден во Шри Ланка. експлозии во хотели и катедрали, 50 лица загинаа а над 200 се повредени
Почетна Свет Случувања

Крвав велигден во Шри Ланка, експлозии во хотели и катедрали, 50 лица загинаа а над 200 се повредени

До сега според официјалните информации, најмалку 50 лица загинаа, а над 200 други се ранети при неколку експлозии во три цркви и три хотели во Шри Ланка, пренесуваат тамошните медиуми.

Според полициски извори, во исто време одекнале експлозии за време на велигденската миса која се одржувала во католичка црква „Свети Ентони“ и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во црква во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.

Експлозиите во хотелите „Синамон Гранд“, „Кингбари“ и „Шанги-Ла„ кои се наоѓаат во центарот на Коломбо ги потврдија и две туристички агенции чии што гости престојувале во овие објекти.

Најверојатно се работи за терористички напад но за сега никој не презеде одговорност за експлозиите и жртвите.