Љубител сте на кафе? Погледнете како една доза кафе влијае на вашиот организам
Здравје и убавина Магазин Почетна

Љубител сте на кафе? Погледнете како една доза кафе влијае на вашиот организам

Кафето кај некого помага при будење, некому му дава енергија за сите обврски кои требат да се завршат, но исто така има и некои неочекувани работи на кои кафето влијае на вашиот стомак и варењето на храната.

Несакани ефекти кои се забележуваат после пиње на кафе зависат од тоа колку е  чувствителен вашиот огранизам”, вели нутриционистката Кери Ганс. “Конзумирањето кафе со оброк им помага на некои луѓе за подобро варење на храната, додека кај некои нема никаква разлика”.

Но како придобвика од конзумирањето на кафе не се само “несакани ефекти”, напротив, еве како само една чаша од овој пијалок влијае на вашето тело:

1. Кафето го поттикнува варењето

Одлично време за пиење кафе е со оброк или после оброк, бидејќи “кафето ги поттикнува ензимите за варење на храната”, вели нутриционистот Д-р Луис, го стимулира производството на плунка и киселината во стомакот.

Покрај тоа, конзумирањето на кафе со оброкот може да ја намали чувствителноста на дебелото црево, ако го имате овој проблем.

2. Кафето помага при апсорбирање на хранливи материи

Кога кафе ги стимулира дигестивните сокови во желудникот, ја помага и апсорпцијата на хранливите материи од храната што се внесува, објаснува д-р Луис.

“Кафето му сигнализира на телото да го лачи хормонот гастрин кој го контролира начинот на хлороводородна киселина во стомакот. Оваа киселина помага при распаѓањето на јаглехидрати, масти и протеини, со цел полесно да се апсорбираат хранливи материи во крвта.”

3. Понекогаш кафето “Имитира” реакција на глутен

Нутриционист Џејми Хики вели дека телото понекогаш го препознава кафето како глутен по некоја си природна грешка. Ако имате нетолеранција на глутен, и ќе забележите дека вашето тело реагира на кафе како да сте јаделе цела чинија тестенини, можно е дека тоа е токму тој вид на работа. 

Во случај на ваков пробле, обидете се да не пиете кафе некое време и да видите дали симптомите ќе се повлечат.

4. Кафето е добро за здравјето на жолчното кесе

Некаде, кафето ја има главната функција за доброто здравје на жолчното кесе. “Истражувањата покажаа дека луѓето кои пијат најмалку две чаши кафе дневно немаат толку многу проблеми со жолчното кесе или камења во жолчното кесе за разлика од оние кои не пијат”, вели Хики.

5. Кафето го намалува воспалението во цревата

Како што рековме, кај луѓе кои веќе имаат проблеми со рефлукс или дигестивни проблеми, кафето може да ги влоши симптомите, но за некои овој пијалок ја ублажува работата на цревата.

“Кафето содржи некои фенолни состојки кои влијаат на бактериите во цревата”, вели нутриционистката Лиза Ричардс. “Добрата вест е дека овие состојки имаат генерално позитивен ефект и го поттикнуваат растот на добри бактерии кои го намалуваат воспалението во цревата”.

6. Можно е кафето да го зголеми стресот

Може да мислите дека стресот има само врска со психата, но всушност постои врска помеѓу дебелото црево и емоциите. За жал, дозата на утринското кафе може да има негативно влијание врз него.

“Кафето стимулира телото да се ослободи од стрес хормонот кортизол, кој може да го намали протокот на крв во органите за варење,” вели д-р Ореолува. Ако сте под стрес, ефектот може да биде и двојно посилен.

Без разлика колку кофеин внесувате, важно е да го слушате вашето тело, тоа ќе ви каже што е добро за вас, а што не.