Македонка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска
Македонија Почетна Случувања

Жена од Македонија го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска

loading...
loading...

Утрово во сообраќајна несреќа кој се случи на автопатот А3 во Хрватска, животот го загуби државјанка од Македонија. Како што пренесуваат хрватските медиуми, тешката несреќа се случила така што автомобилот со германски регистарски таблички се превртел, слетал во канал и застанал на покрив. Жената била совозач во автомобилот. 

Возачот кој бил исто така Македонец, бил добар и одбил лекарска помош.

„Полициската управа на бродско-посавската жупанија и Жупанското државно обвинителство продолжуваат со испитувањето на очевидци со цел утврдување на околностите под кои настанала несреќата“, соопшти портпаролката на полицијата, Ката Нујиќ.

loading...