Македонски државјанин поради паричен долг киднапиран во Подградец
Почетна Регион Случувања

Македонски државјанин поради паричен долг киднапиран во Подградец

Според полициското соопштение, припадниците на Одделот за криминал при полициската станица во Подградец, лицдто А.Т. е уапсено поради постоење основи на сомнение дека го киднапирал Д.С. кој бил државјанин на Македонија.

Македонецот бил киднапиран поради фанански долг што го имал кон неговиот пријател а сега веќе киднапер А.Т. кој пак гарантирал дека „ќе ја заврши работата во најбрз можен рок”. Случајот е предаден на понатамошна надлежност на Обвинтелството за тешки кривични дела во Тирана и А.Т.  ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Нема повеќе детали за македонскиот државјанин и не се знае са колкава сума на пари се работи.