Малотеник прегазен од мотоциклист во Скопје
Македонија Почетна Случувања

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Охрид

На 02.09.2019 во 15.30 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 71 годишниот П.Т. од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 17 годишник од Охрид. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.