Маж и жена пронајдени мртви во стан во Битола, телата предадени на обдукција
Македонија Почетна Случувања

Маж и жена пронајдени мртви во стан во Битола, телата предадени на обдукција

Маж и жена попладнево се пронајдени починати во стан во Битола. Првичните и неофицијални информации се дека се работи за убиство и самоубиство на кое му претходела вербална расправија

Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител изврши увид во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени двете безживотни тела на мажот и жената, на возраст од 62 и 57 години.

„Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место“, стои во соопштението.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.