Мексиканците почнаа да купуваат лажни телефони кои им ги даваат на разбојниците при грабеж
Забава Занимливости Почетна

Мексиканците почнаа да купуваат лажни телефони кои им ги даваат на разбојниците при грабеж

Вооружените грабежи се толку чести во градските автобуси во Мексико што патниците почнаа да купуваат лажни мобилни телефони како решение. Имено, кога разбојниците ќе вперат пиштол во патниците, тие им ги даваат лажните мобилни телефони и се спасуваат од нив.

Лажните утеди може да се најдат насекадем и чинат околу 15 долари, имаат екран и тежина како и вистинските телефони.

Најчестите разбојнишства се случуваат помеѓу приградските линии од превозот, па така патниците смислиле решение кое и те како функционира.

Во првите четири месеци од оваа година, во главниот град на Мексико секојдневно имало 70 пријавени насилни грабежи. Жртви на две третини од грабежите се пешаците, додека останатите се подеднакво поделени во напади на патници во автобуси и возачи на автомобили.